Македонскиот талентиран напаѓач кој од Работнички премина во руски Ростов вчера го имаше своето деби за новиот тим и тоа против шампионот на Русија силниот Зенит.
Ростов загуби од Зенит со 2:0, а Тошевски одигра десетина минути. По натпреварот тренерот на Ростов Валери Карпин зборуваше за Тошевски и посочи дека тој се уште не е физички спремен и најави дека ќе биде за две-три недели.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Нормално е што играше толку. Во овој момент Давид не е подготвен ниту за 30 минути. Меѓутоа тоа е сосема нормално затоа што прво тренираше без тим и сега ја брка физичката подготвеност. За две-три недели ќе биде на потребното ниво кога е кондицијата во прашање“, изјави Карпин.
Ќе потсетиме, во овој преоден рок Тошевски за 900.000 евра премина од Работнички во Ростов.