Дома Фудбал Македонски фудбалер може да направи трансфер во поранешен премиерлигаш!

Македонски фудбалер може да направи трансфер во поранешен премиерлигаш!

Македонскиот фудбалер Давид Тошевски е на прагот на нов предизвик во кариерата, откако стана извесно дека нема да остане во редовите на Австрија Клагенфурт, клуб кој минатата сезона испадна од австриската Бундеслига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според најновите информации, интерес за 22-годишниот напаѓач покажува англискиот Болтон Вондерерс, тим со богата фудбалска историја кој денес настапува во Лига 1, третото по ранг натпреварување во Англија.

Освен Болтон, за Тошевски се поврзуваше и германскиот Дармштад, кој оваа сезона ќе се натпреварува во Втората Бундеслига.

Во текот на својата досегашна кариера, Тошевски настапуваше за Работнички, од каде направи трансфер во руски Ростов. Потоа следуваа позајмици во Тамбов, полскиот Горник Забрзе и словачкиот Земплин Михаловце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…