Раководството на Манчестер Јунајтед во моментов му дава поддршка на менаџерот Оле Гинер Солскјер и не планира негова смена, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо. Од „Олд Трафорд“ се надеваат ситуацијата да се подобри во следните неколку недели и „црвените ѓаволи“ да почнат со позитивни резултати. Меѓутоа, ако работите не се променат, тогаш сериозно ќе се размислува за смена на Солскјер …
Зидан и Конте спремни да го заменат Солскјер на „Олд Трафорд“
