Дома Топ вести Реал го сака Салах и му нуди трампа на Ливерпул

Реал го сака Салах и му нуди трампа на Ливерпул

Реал Мадрид спрема „бомбастичен“ трансфер и е силно заинтересиран за ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Мохамед Салах е во неверојатна форма, но не може да се договори со Ливерпул за нов договор бидејќи бара плата од неверојатни 500.000 фунти неделно.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се погласни се шпекулациите за негово заминување од Ливерпул, а најсериозен интерес за неговиот потпис покажува Реал Мадрид.

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран и ќе направи се за да го доведе Салах во текот на летото.

Имено, „кралевите“ веќе спремиле понуда и се спремни да го понудат Еден Азар плус пари за да дојдат до потписот на Салах.

Ливерпул ќе направи се за да го задржи на „Енфилд“, но ако фудбалерот одбива да го продолжи договорот, тогаш „црвените“ се спремни да ги разгледаат понудите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…