Минесота на свој терен го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 109:80, и на тој начин ја запиша втората последователна победа по серија од четири порази.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најефикасни во тимот на Минесота беа Џулиус Рендл со 18 поени, Руди Гобер со 17 поени и 12 скокови, и Наз Рид и Никел Александер-Вокер со по 15 поени.
На спротивната страна Дианџело Расел со 20 поени, Ентони Дејвис со 12 поени, 11 скокови и пет асистенции, и Леброн Џејмс и Риу Хачимура со по 10 поени.
Минесота е на 11. место на табелата на Западната конференција со скор 10/10, додека Лејкерс се осми со 12 победи и девет порази.