
Мала победа освои Барселона во војната со Ла Лига. Високиот совет за спорт (CSD) не виде ништо спорно околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, и беше многу јасен дека Надзорниот одбор не може да донесе таква одлука, дека не е надлежен.
Тука не е крајот. Веднаш Ла Лига најави дека ќе поднесе жалба. Тоа и го направи. Хавиер Тебас не и дава мир на Барселона, не се откажува лесно. Првиот човек не се откажува од отстранувањето на двојката на каталонскиот клуб од листата пријавени играчи, и затоа побара итен одговор од правосудството.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Хавиер Тебас бара да се поништи регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Ќе стори сè што е во негова моќ за да им го оневозможи настапот за клубот во завршницата на сезоната.
Асоцијацијата на клубови на знак од првиот човек на Ла Лига поднесе административна жалба, побарани се мерки предострожности на одлуката на Високиот совет за спорт од минатиот четврток. Главниот човек на шпанската лига и неговите соработници сметаат дека ситуацијата бара итно судско дејствување кое ќе гарантира баланс и финансиска одржливост на професионалното натпреварување.
Според Ла Лига, CSD сериозно го прекршува регулаторниот рамки во врска со економската контрола и обработката на спортските лиценци, и дека ја поткопува општата корист на натпреварувањето и ја загрозува неговата интегритетност преку прекршување на принципот на еднаквост меѓу клубовите.
Образложено е и како фер-плеј системот многу клубови ги примора да распродаваат сопственост и играчи за да ги средат документите и да ги усогласат сите во финансиските книги. И поради тоа клубовите можат да се чувствуваат нееднакво, практично да постојат двојни стандарди.
Сега, на потег се Барселона и Џоан Лапорта. Нема сомневање дека ќе одговорат.