Дома Останати Кошарка Тажни вести од Србија: Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи на 38-годишна возраст

Тажни вести од Србија: Почина поранешен кошаркар на Карпош Соколи на 38-годишна возраст

Кошаркарска Србија и регионот се во жалост поради ненадејната смрт на Драган Лабовиќ, поранешен репрезентативец на Србија и долгогодишен интернационалец. Лабовиќ почина на само 38-годишна возраст, а српските медиуми јавуваат дека причина за смртта е срцев удар. Тажната вест ја потврди и Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС).

Лабовиќ беше еден од оние играчи кои оставија траен печат и на македонската кошаркарска сцена. Навивачите добро го паметат неговиот блескав период во дресот на Карпош Соколи, кога беше вистински лидер на тимот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како крилен центар со силна присутност под обрачите и изразена кошаркарска интелигенција, Лабовиќ изгради респектабилна кариера настапувајќи за бројни клубови низ Европа и светот. Меѓу тимовите за кои играше се вбројуваат: ФМП Железник, Борац Чачак, Арис (Грција), Франкфурт Скајлајнерс (Германија), Јенисеј Краснојарск и други.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Српски кошаркар е хит во НБА: Двапати беше трејдуван во една недела, но и уште еднаш ќе го смени клубот!

Српскиот кошаркар Василије Мициќ стана главна тема во НБА лигата откако беше разменет два …