
Според информациите кои ги објавуваат англиските медиуми, Барселона и Арсенал се во интензивна трка за потписот на напаѓаќот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, чија цена би можела да надмине 150 милиони евра. Овој аргентински репрезентативец се смета за еден од најбараните напаѓачи на трансфер пазарот, а со неговата продажба, Атлетико може да оствари огромна финансиска добивка.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Се чини дека Арсенал е подготвен за голема чистка на тимот со цел да се обезбедат средства за трансферот кој би можел да го обележи летниот трансфер период. Менаџерот Микел Артета наводно е одлучен да игра на сите карти и би можел да продаде дури пет играчи за да го привлече Алварез.
Меѓу играчите што можат да го напуштат клубот се спомнуваат Итан Нванери и Бен Вајт, а на излезната врата наводно се и Мајлс Луис-Скели, Габриел Жезус и Габриел Мартинели. Англиските медиуми посочуваат дека клубот сериозно размислува за продажбите кои би овозможиле нова голема инвестиција во екипата.
Арсенал веќе минатото лето потроши повеќе од 250 милиони евра за засилувања, а на Емирејтс пристигнаа, меѓу другите, Мартин Зубименди, Виктор Ѓокерес, Нони Мадуеке и Езе.
И покрај големите трошења, Арсенал наводно планира уште еден силен трансфер период. Приоритетите се јасни: доведување централен напаѓач, лев крилен напаѓач и десен бек. Алварез е при тоа означен како главна цел, но неговата цена и интересот од Барселона ја прават целта значително покомплексна.
Доколку сака да победи во оваа конкуренција, Арсенал ќе мора да пронајде финансиски простор, а продажбата на неколку значајни играчи се чини како најверојатен пат. Особено е интересна ситуацијата со Нванери, кој моментално е на позајмица во Марсеј. За него, според достапните информации, се заинтересирани Челси и Борусија Дортмунд, па Арсенал очекува конкретни понуди.
Англиските медиуми одат чекор понатаму и тврдат дека ни иднината на капитенот Мартин Одегард не е сосем сигурна. Иако би било големо изненадување да го напушти клубот, се почесто се спомнува можноста дека Арсенал ова лето може да направи голема промена која ќе го промени изгледот на тимот.