Дома Останати Tajсон Фјури се изнамачи, но победи после 12 рунди (ФОТО+ВИДЕО)

Tajсон Фјури се изнамачи, но победи после 12 рунди (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најомилените боксери во светот Тајсон Фјури запиша нова победа во својот 30-та професионална борба во кариерата.

Фјури вчера во Лас Вегас се бореше против Ото Валин во „припремената за некои поважни борби“, но победи тешко дури после 12 рунди.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се очекуваше 31 годишниот Британец полесно да излезе на крај со шведскиот борец, меѓутоа мораше добро да се намачи. Од третата рунда излезе и со „белег“ над десното око и тоа му создаваше многу проблеми.

Ако борбата беше прекината поради таа повреда на Фјури, Валин ќе оствареше техничка победа, сепак Фјури издржа до крај и покажа дека е вистински шампион.

На крајот судиите победата едногласно му ја доделија. После мечот го повика својот „пријател“ Вајдлер со кој би можел да се најде во рингот наредната година.

„Вајлдер те сакам сега тебе“, порача Фјури.

Фјури во вчерашната најва на борбата влезе во арената со мексиканско знаме промовирајќи го денот на независноста во таа земја, но ќе добие критики затоа што арената не беше исполнета ниту половина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…