Барселона синоќа во Торино го совлада Јувентус со 0:2. Каталонскиот гиган лесно ја совлада Старата дама, а на теренот одлична партија одигра младиот 17-годишен Педри. Новата надеж на Барса заврши одлична работа. Фудбалерите на Јувентус се намачија со него, а посебно Квардадо. Имаше одлични потези, прекрасни дриблинзи и неговата игра заслужи висока оценка. Барселона може мирно да спие во иднина …
