Раководството на Барселона официјално ги објави преговорите со дел од играчите за намалување на платата поради финансиската ситуација во клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона поради пандемијата бележи огромни загуби, а има и долгови кои треба да ги финансира, па бара од фудбалерите да прифатат намалување на платите.
„По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор. Страните се согласија дека ќе се даде рок до 23 ноември за разгледување и одлучување дали предложените опции се уште можат да бидат усвоени“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Забележано е дека поради загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Барселона треба да продолжи со намалување на платите на фудбалерите во вкупен износ од 191 милион евра.