Веќе некое време се зборуваше дека Жоржињо ќе се врати во Бразил, а сега сè е завршено. Фудбалерот на Арсенал на кој му истекува договорот на крајот на оваа сезона, се договори со Фламенго и ќе потпише договор во месец јуни. Договорот е за три години, до 2028 година. Бразилецот е репрезентативец на Италија бидејќи има државјанство од таа земја. …