Второто летно засилување за Јувентус стигна во Торино. Германскиот интернационалец Емре Џан утрово се јави на медицински прегледи и најверојатно во текот на денот ќе стави потпис на договор со Старата дама. Довчерашниот фудбалер на Ливерпул долго се поврзуваше со трансфер во италијанскиот шампион, а после неколку неуспешни преговори, „Старата дама“, својствено на досегашната пракса, го донесе за нула евра. …
