Дома Фудбал Италија Тутоспорт: Роналдо пред трансфер во Јувентус!?

Тутоспорт: Роналдо пред трансфер во Јувентус!?

ronaldo

Насловната страница на италијанскиот Тутоспорт донесува приказна за тоа како Роналдо би можел да премине во Јувентус.

Јувентус наводно има финансиски средства кои ќе ги обезбеди семејството Анели, а исто така има врска и со агентот кој на торинскиот клуб може да му го обезбеди потписот на Роналдо. Истиот агент тврди дека Португалецот ја одбил понудата на Реал за нов договор. Шпанските медиуми пишуваат дека најдобриот светски фудбалер бил згрозен од лошата понуда на кралскиот клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тутоспорт на својата насловна страна ова сознание го стави под наслов „Роналдо – Јуве, каква приказна!“

Јувентус има желба наредните години да ја нападне ЛШ, а со евентуалното доаѓање на Роналдо амбициите на италијанскиот тим ќе бидат погодолеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Депај повторно ќе бара нов клуб

Како што стојат работите, Мемфис Депај во новата сезона ќе има нов клуб. Откако не успеа д…