Цели 17 години Џанлуиџи Буфон ги бранеше боите на Јувентус, пред ова лето да одлучи да го напушти Торино.
Освои се што можеше со „Бјанконерите“, освен Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Италија беше и светски шампион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Навистина блескава кариера, се споменува дека можебии нема да дојде крајот сега, туку дека Буфон ќе ја продолжи кариерата во ПСЖ.
Тој од денес е и официјално слободен играч, а на социјалните мрежи по тој повод се огласи.
„17 години во дресот на „Бјанконерите“, денес се навршуваат 17 години со толку пријатели, соиграчи, солзи, победи, порази, трофеи, зборови, лутина, разочаруваее, среќа и многу тоа, со толку емоции. Никогаш нема да заборавам ниту дел од тоа. Секогаш се ќе носам со себе“, напиша Буфон.
17 anni in bianconero che si concludono ufficialmente oggi. 17 anni di amici, compagni, lacrime, vittorie, sconfitte, trofei, parole, rabbia, delusioni, felicità e tante, tantissime emozioni. Non dimenticherò mai nulla. Porterò sempre tutto con me. #FinoAllaFine pic.twitter.com/Qu1vb0UOH2
— Gianluigi Buffon (@gianluigibuffon) June 30, 2018