Искусните дефанзивци Џорџо Киелини и Андреа Барзаљи денес ја продолжија верноста со Јувентус и потпишаа нови договори.
Новиот капитен на „бјанконерите“ Џорџо Киелини потпиша двегодишен договор и ќе остане во Јувентус најмалку до 2020 година, додека Барзаљи потпише едногодишен договор до 2019 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Барзаљи и Киелини изминатите години важеа за еден од најдобрите стоперски тандеми во Италија, а Јувентус во тимот ги има уште Мехди Бенатиа, Даниеле Ругани и ова лето од Аталанта пристигна Матеа Калдара.
Италијанските медиуми тврдат дека Челзи е силно заинтересиран за Ругани и дека двата клуба се блиску до договор за трансфер вреден 40 милиони евра.