Денес е денот кога Жоа Кансело ќе го заврши својот трансфер во редовите на Јувентус.
Португалскиот дефанзивец кој минатата сезона ја помина како позајмен играч во Интер изминатата ноќ пристигнал во Торино, каде што утрово ги минува медицинските прегледи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интер поради финансискиот фер-плеј не беше во можност да го откупи договорот на Кансело од Валенсија, а тоа го искористи Јувентус кој го доведе во своите редови.
Целата зделка ќе биде официјализирана во текот на денешниот ден.
Кансело после прегледите се очекува да потпише договор на пет години со плата од 3 милиони евра по сезона, додека Јувентус на Валенсија ќе и плати сума од 40 милиони евра.
? Let the medical begin! ? pic.twitter.com/6Rbiv2PQAw
— JuventusFC (@juventusfcen) June 27, 2018