Утрово во десет часо експедицијата на Мура од Марибор полета за Скопје и се очекува тука да биде нешто претпладне. Вечерва е закажана нивната прес-конференција и официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар со Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите. Во составот на Мура за овој дуел повикани се 22 фудбалери.
