Дома Македонски спорт Мак фудбал Навивачите на Шкендија ќе добијат кривични пријави

Навивачите на Шкендија ќе добијат кривични пријави

Вчерашниот натпревар на Шкендија против Шкупи донесе инцидент и натпреварот беше во прекин 20-тина минути додека полицијата не ги избрка навивачите.

Од СВР – Тетово најавија дека ќе се поднесат кривични пријавија против оние кои влегоа на стадионот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Пред крајот на дуелот од последното коло во Првата македонска фудбалска лига дел од „Балистите“ влегоа на стадионот прекршувајќи ги мерките пропишани за спречување на ширење на Ковид-19. Полициски службеници презедоа соодветни мерки и беа обезбедени услови за натпреварот регуларно да заврши, а против прекршителите ќе бидат изготвени кривични пријави“, информираат од тетовската полиција.

Фото: Шкендија (ФБ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…