32-годишниот напаѓач Федор Смолов е првиот руски фудбалер кој јавно ја коментираше актуелната ситуација во Украина. Рускиот репрезентативец и член на Динамо јавно ги коментираше случувањата во Украина која е нападната од неговата земја. „Не за војната“, кратко порача Смолов.