Македонската репрезентација денес запиша нова уште повисока победа од вчерашната. Литванките денес не можеа да бидат достоен противник на нашите девојки. Првиот дел беше нешто понеизвесен и тој заврши со предност за нашите ракометарки од 15:12. Второто помина во наша доминација и како што одминуваше времето само ја зголемувавме предноста. На крајот го добивме натпреварот со 10 гола разлика (31:21). …
„Два од два“ за Македонија: Литванките не беа достоен противник!
