Дома Македонски спорт Јуниорките ја забележаа првата победа, подобри бевме од Албанија

Јуниорките ја забележаа првата победа, подобри бевме од Албанија

Женската репрезентација на Македониај до 18 години за првпат забележа победа во четвртото коло од Челенџер купот.

Денес беше победена Албанија со 61:49. Македонските кошаркарки добро го отворија натпреварот и ја добија првата четвртина со 18:12. До полувремето предноста се зголеми на 32:22.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


И во второто полувремето следуваше иста слика на теренот, дури нашите девојки беа и подоминантни. Во еден момент Македонија водеше со 53:26. Со одличната последна четвртина Албанија успеа да избегне пораз и конечниот резултат гласеше 49:61.

Претходно во првите три натпревари нашите јуниорки беа поразени од Бугарија, Словенија и Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нови обвиненија за Тонали, се обложувал и во Англија

На Сандро Тонали му се заканува нова казна поради обложување на фудбалски натпревари. Тој …