Дома Македонски спорт Мак баскет Победа на сениорите против Црна Гора на втората „контролка“

Победа на сениорите против Црна Гора на втората „контролка“

Одличен настап на сениорите, и победа од (65:58) во втората „контролка“ со Црна Гора

Гостите од Црна Гора имаа подобар почеток на втората проверка во Скопје. Во првата четвртина направија двоцифрена предност од 12 поени (20:8).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Работите за нашата селекција почнаа да одат во добра насока уште на почетокот на вториот период од играта.

Со серија од (19-4), направивме резултски пресврт.

Македонија поведе со (27:24). Во тие 15 минути, имавме 40% на реализација во шутот за три поени (4/10). Две минути подоцна имавме и највисоки (34:27).

А одличната втора четвртина во која реализиравме 30.поени ја завршивме со предност од (38:31). Џејкоб Вајли ги погоди сите пет обиди од поле, имаше 10.поени.

Во вториот дел од втората проверка, двете селекции одново си „разменија“ по една четвртина. Црна Гора го реализираше третиот период во своја корист со (17:11) доволно да се доближат до егал резултат.

По три одиграни четвртини, Македонија водеше со (49:48).

Во оној последниот, одигравме навистина добро во одбраната. Им дозволивме на Црногорците да реализираат само шест поени за осум и пол минути. Доволно да имаме предност од (61:54).

Освен Вајли, во вториот дел, до двоцифрен ефект стигнаа и Мекиќ (12) и Магдевски (10. поени). По реализацијата на Вајли (негов 15.поен), имавме плус од девет поени (63:54). Недостижни за противникот, и голем плус за нашиот сениорски состав во пресрет на продолжението на подготовките за настап во претквалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

МАКЕДОНИЈА: Крстевски 0, Ефремовски -, Трајковски 8, Стајиќ 6, Николов 4, Марковски 5, Робев 2, Магдевски 10, Мекиќ 12, Андоноски 3, Миловановиќ -, Вајли 15, Симиќ -; 

ЦРНА ГОРА: Дробњак 9, А. Поповиќ 4, Д. Николиќ 0, Радончиќ 9, Врбица 0, П. Ѓуришиќ 4, Тодоровиќ 13, Спасојевиќ 6, Кљајиќ 0, Ф. Баровиќ 2, З.Николиќ 2, П.Поповиќ 9; 

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…