Дома Фудбал Септемврскиот циклус на квалификации без гостински навивачи

Септемврскиот циклус на квалификации без гостински навивачи

Септемврскиот мундијалски циклус во квалификациите ќе помине без гостински навивачи.

Македонија во септември ќе одигра три натпревари, два дома и еден на гостински терен. Прво на дебито на Благоја Милевски на клупата на 2. септември ќе ни гостува Ерменија, а потоа на 5. ќе гостуваме во Исланд, за да го затвориме циклусот со Романија дома три дена подоцна.

Со донесената одлука македонски навивачи нема да може да патуваат во Исланд, истото секако ќе важи и за Ерменците и Романците.

Ќе потсетиме, Македонија во квалификациите има две победи од три натпревари и тоа една тие победи е против најголемиот фаворит во групата, Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…