Благоја Милевски го наследи Игор Ангеловски на селекторската позиција во „А“ репрезентацијата на Македонија.
Милевски истакна дека за него е голема гордост што ќе има прилика да ја води најсилната селекцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
“За мене оваа функција е пред сè гордост и исполнетост. И од спортски и од национален, но и од човечки аспект. Се радувам на првата средба со фудбалерите, се радувам на позитивната атмосфера и со нетрпение го очекуваме првиот собир. Тие се созреани како личности, а тоа е позитивно за нашата работа. Карактерно се селектирани, а токму тоа и треба на македонската репрезентација“, изјави Милевски.