Дома Фудбал Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Постои уште еден совршен голман за Барса, Деко започна акција – најавен нов трансфер на Каталонците

Марк-Андре Тер Штеген и Војчех Шчесни лесно би можеле да ја напуштат Барселона, а спортскиот директор Деко веќе има подготвено решение.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Како што откри доверливиот Матео Морето, спортскиот директор на Барселона веќе стапил во контакт со агентите на Алекс Ремиро. Тој на лето влегува во последната година од договорот со Реал Сосиедад и затоа би можел да дојде на “Камп Ноу” по намалена цена.

Клучна е неговата желба да дојде во Барселона, без оглед на фактот дека ќе биде втор избор, зад Жоан Гарсија. Ремиро е еден од највисоко оценети голмани во Ла Лига, неодамна наполни 30 години и за голманите би се рекло дека сега е во најдобрите години.

Ремиро инаку е роден баскиец, но својот развој го започнал во Атлетик Билбао, од каде како слободен играч во летото 2022. година премина во редовите на најголемиот ривал – Реал Сосиедад.

Иако поради голема конкуренција не успеал да се наметне и на селекторот Луис Де ла Фуенте, многумина го сметаат за еден од најдобрите голмани во Шпанија во последните неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ закажа финале со Арсенал! (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе играат во финалето на Лигата на шампионите и ќе ја брана…