Македонија на Европското првенства забележа три пораззи во три натпревари и тоа донесе пад на ФИФА ранг листата и тоа за дури 10 позиции.
Од 62. место паднавме на 72. на најновата листа која е објавена денес. Ова за Македонија е најлош пласман уште од јуни 2019 година кога бевме 73-то пласирани. Треба да се спомене и дека првпат после октомври 2015 година имаме сериозно назадување од двоцифрен пад на поизици. Тогаш паднавме од 105-то на 138-мо место и тоа е период на кој не сакаме да се сеќаваме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со поразите на ЕП ние изгубивме 31.81 рејтинг поени и сега пред насе се Словенија, Црна Гора ОАЕ, Албанија, Ирак Кина…
Италија го освои Европското првенство, но скокна само две места и е на петтата позиција, Англија остана пред нив, Франција е трета, Бразил втор, а Белгија и понатаму е прва. Во топ 10 се уште, Аргентина, Шпанија, Португалија Мексико и САД.
Комплетната ранг листа можете да ја погледнете – тука.