Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, имаше нова средба со најтрофејниот тенисер Новак Ѓоковиќ. Нашиот 19-годишен тенисер во Дубаи ги започна подготовките за новата сезона и на социјалните мрежи се пофали дека тренирал и се дружел со својот идол. Потсетување дека во октомври годинава Ивановски тренираше со најдобриот тенисер во светот.