Дома Фудбал Шесткратниот шампион уште една сезона ќе помине во Втората лига

Шесткратниот шампион уште една сезона ќе помине во Втората лига

Поранешниот европски и шесткратен германски шампион, Хамбургер ги загуби шансите за пласман во Бундеслигата откако беше поразен од Падерборн со 1:0 во рамките од 33. коло во Втората лига.

Така ХСВ остана на четвртото место на табелата со 55 бода и на едно коло пред крајот заостанува четири бода од третопласираната Фортуна што значи дека немаат шанси за место во повисок ранг.

Не успеа Хамбургер да дојде барем и до третата позиција која ќе обезбедеше борба во плеј-офот.

Во претходните две сезони Хамбургер пропушташе да се врати во Бундеслигата така што губеше во плеј-офот од Херта и од Штутгарт.

На табелата во Цвајт прв е Кил со 64 бода, потоа следи Ст.Паули со 63 и Фортуна со 59…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Компани повторно во Баерн по менингитисот, враќањето на клупата ќе почека

Белгискиот тренер првпат по болничкото лекување го посети тренинг-центарот на Баерн. Негов…