Новак Ѓоковиќ доби шише во главата, сосема случајно откако навивач се наведна да му даде автограм, па истото испадна од ранецот и го погоди во глава српскиот тенисер.
Се огласи и Ѓоковиќ истакнувајќи дека е добро, а и самиот потврди дека се работело за несреќен случај, а не некаква намера од некого.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ви благодарам за пораките. Ова беше несреќен случај и јас сум добро, се одмарам во хотел со ладни облоги. Се гледаме во недела“, порача Новак.
Денеска српскиот ас ќе истрча на терените за тренинг од 13:00 часот. Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Алехандро Табил.
Ќе потсетиме, во вториот го совлада Корентано Муте со 6:3 и 6:1.