Дома Фудбал Познато зошто Потер го одбил поранешниот европски шампион?

Познато зошто Потер го одбил поранешниот европски шампион?

Eкс-тренерот на Челзи Грем Потер долго време преговараше, но на крајот одлучил да го одбие Ајакс.

Четирикратниот европски шампион преговараше со Потер кој покажал интерес, меѓутоа како што пренесуваат медиумите откако детално бил информиран за проектот одлучил дека сега не е момент да седне на клупата на Ајакс.

Потер е без ангажман откако доби отказ во Челзи минатиот април. Пред да пристигне во Челзи успешно работеше со Брајтон, подоцна се шпекулираше дека може да ги води Кристал Палас и Манчестер Јунајтед, но не се случи ништо конкретно.

Останува да видиме дали Потер чека вистинска понуда од некој поамбициозен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…