Килијан Мбапе го официјализираше заминувањето од Пари Сен Жермен и сега прашање на време е кога и официјално ќе стане нов играч на Реал Мадрид.
Брилијантниот Французин ќе заработува значително повеќе во Шпанија отколку во Франција, а би можел да добие уште една голема привилегија кога е во прашање дресот на „кралскиот клуб“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон, познат и како инсајдер кога се во прашање вестите од Реал, најави дека Лука Модриќ ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната и дека ваквото сценарио е најизвесно доколку не дојде до шокантен пресврт.
Тоа значи дека неговиот дрес со број 10 ќе биде слободен, а истиот извор наведува дека токму Мбапе ќе ја носи „десетката“ на Реал.
Наскоро овој број Мбапе ќе го носи и во дресот на француската репрезентација.
Кога е Модриќ во прашање ако се остварат најавите за заминување на Хрватот, тоа ќе го направи по цели 12 сезони поминати во Мадрид.