Дома Македонски спорт Мак ракомет Фарски Острови мака мачат да полетаат за Македонија – може и да не стигнат навреме за натпреварот!

Фарски Острови мака мачат да полетаат за Македонија – може и да не стигнат навреме за натпреварот!

Македонската ракометна репрезентација утре го игра реваншот против Фарски Острови во баражот за Светското првенство во 2025 година, а пред овој натпревар оваа селекција се соочува со неочекувани проблеми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, репрезентативците на оваа земја не можат да полетаат за Македонија поради густата магла и невремето во Торшван во последните 24 часа. Според најавите не само што не се очекува подобрување на ситуацијата, туку во наредните часови таа може и да се влоши.

Oд Фарски Острови веќе контактирале со Европската ракометна федерација, меѓутоа им било посочено дека засега нема опција мечот да се одложи.

Македонија на првиот натпревар во Торшван беше поразена со седум голови разлика (34:27).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…