Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш побарал трансфер од челниците на Барселона после доаѓањето на Филипе Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми. Гомеш оваа сезона одигра само девет натпревари и на теренот помина само 258 минути, а со доаѓањето на Кутињо јасно е дека неговата минутажа додатно ќе се намали. Ако гледаме од финансиски аспект, Гомеш моментално е еден од најскапите резерви во светот. …