Капитенот на Арсенал и француски репрезентативец, Лоран Кошчелни е целосно рехабилитиран од повредата на ахиловата тетива, пренесуваат англиските медиуми. Поради оваа повреда Кошчелни не тренираше од мај месец и го пропушти Светското првенство во Русија, каде неговата Франција ја освои светската титула. Според официјалната страна на Арсенал, Французинот за прв пат после повредата одработи цел тренинг со остатокот од тимот. …