Tимот на Евертон во последните години важи за клуб кој баш и не вложува добро, доволно е да се погледне само летото кога потршија 203 милиони евра, а завршија на осмата позицијата на тебелата. Оваа сезона со потрошени 100 милиони евра засега се наоѓа на 11-та позиција.
Сепак, тоа не ги спречува „карамелите“ и понатаму да вложуваат, а прво име на нивната листа на желби сега е – Арон Рамзи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Договорот на Рамзи со Арсенал му истекува наредното лето и многу веројатно истиот нема да биде продолжен, па поради тоа интересен е за повеќе клубови, а Евертон има план како да се истакне во прв план.
Имено, Евертон сака на Рамзи да му понуди бонус од 17 милиони евра само за потпис!
Кога во прашање е неделната плата тој би добивал околу 170.000 евра, што би го направило најплатен играч ан тимот пред најскапите двајца во овој момент, Шнајдерлин и Сигурдсон кои добиваат нешто помалку од 140.000 евра.
Но, Евертон целата зделка ја планира за наредното лето кога Рамзи би бил слободен фудбалер постои опасност неколку клуб да го доведе пред нив веќе во јануари со одредена оштета исплатена на Арсенал.
https://www.youtube.com/watch?v=37bTpDjeLnk&t=1s