Дома Трансфер зона Арсенал го возвраќа ударот: На „Емирати“ пристигнува играч на Ливерпул

Арсенал го возвраќа ударот: На „Емирати“ пристигнува играч на Ливерпул

Откако Ливерпул минатата година го донесе Алекс Окслејд – Чемберлејн, а во последно време се повеќе се говори дека постои сериозен интерес за Арон Рамзи, сега медиумите тврдат дека се подготвува трансфер во обратна насока.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Арсенал е сериозно заинтересиран за левиот бек на „црвените“ Алберто Морено и ќе се обиде да го донесе на „Емирати“ во зимскиот преоден рок.

Договорот на Шпанецот истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека не добива голема минутажа, самиот играч сака да ја промени средината уште во зимскиот преоден рок.

Поради тоа јануари е последна шанса за Ливерпул да заработи на неговото заминување, а Арсенал е спремен да плати симболична сума за 26-годишниот дефанзивец.

„Топџиите“ имаат проблеми на левата бековска позиција и во Морено гледаат идеално решение, но ќе треба да ја победат конкуренцијата бидејќи интерес за играчот покажува и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…