Maнчестер Јунајтед потврди дека Сер Алекс Фергусон ќе се врати на тренерската клупа по повод 20 годишнината од освојувањето на тројната круна на „црвените ѓаволи“. Легендите на Манчестер Јунајтед и легендите на Баерн Минхен ќе одиграат ревијален натпревар на 26-ти мај. Од Манчестер Јунајтед потврдија дека Сер Алекс Фергусон ќе биде човекот кој ќе ги води легендите на англискиот гигант. …