Ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, ја одбил понудата на Барселона, пренесува каталонски „Спорт“.
Германскиот фудбалер е една од главните трансферни цели на идниот тренер Ханси Флик, а Барселона го сака веќе подолго време.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според „Спорт“, Каталонците останале далеку од сумата од 19,5 милиони евра што Кимих моментално ја добива годишно во Баерн Минхен. Во моментов Барселона не може да си ја дозволи таа сума поради финансиските правила и ограничувањата во буџетот за плати.
Договорот на Кимих со Баерн истекува во јуни 2025 година, а во моментов нема индикации дека ќе потпише нов договор, па неговото заминување од „Алијанц Арена“ е се поизвесно.
❗️Negotiations with Joshua Kimmich have stalled because Barcelona can't match his €19.5m yearly gross salary demands.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) May 27, 2024
— @sport pic.twitter.com/FZoiZlZ24Y