Дома Фудбал Англија За неверување: Санчез се повреди после судирот со помошникот судија!

За неверување: Санчез се повреди после судирот со помошникот судија!

Лошата сезона за Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед стана уште полоша бидејќи Чилеанецот се повреди на бизарен начин на мечот против Пари Сент Жермен.

Санчез беше принуден од клупа да влезе во игра на местото на повредениот Џеси Лингард, но на загревањето и сам се повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чилеанецот при загревањето се судри со помошникот судија, Фабиано Прати и тоа непосредно пред да влезе во игра на местото на Лингард.

Санчез на полувремето беше прегледан од лекарскиот тим кој даде зелено светло сепак да влезе во игра, но пред самиот крај се пожали на болки над коленото.

Неговата повреда сега преставува голем проблем за Јунајтед и менаџерот Солскјер бидејќи тимот во понеделник го очекува тешко гостување против Челзи во ФА Купот.

Неизвесно е дали Санчез ќе се врати до тогаш, под знак прашалник е и настапот на Џеси Лингард, како и на Марсијал кој има повреда на препоните.

После мечот со Челзи, Јунајтед го очекува дуел со Ливерпул во Премиер лигата, како и со Кристал Палас и Саутемптон, а потоа следува реваншот со Пари Сент Жермен на 6-ти март на „Паркот на принцовите“.

Санчез не е во добра форма од почетокот на сезоната и ја грее клупата за резерви, па ова беше период во кој можеше да добие значителна минутажа за да се врати во форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…