Дома Останати Кошарка Ужас: Кошаркар пронајден мpтов пред ноќен клуб, полицијата објави детали

Ужас: Кошаркар пронајден мpтов пред ноќен клуб, полицијата објави детали

Литванскиот кошаркар, Ауримас Чибас, пронајден мртов на улица во ноќта помеѓу петокот 24 и саботата 25 мај во Џенова.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наводно, Литванецот пред смртта бил исфрлен од ноќен клуб, најверојатно под дејство на алкохол, а полицијата потврдила дека подоцна паднал од висок ѕид.

Отворена е истрага поради неговата смрт, наводно бил во конфликт со обезбедувањето на ноќниот клуб, но не е утврдено дали имало физичко насилство.

Веста за смртта на Чибас била примена во саботата наутро, кога Литванецот бил пронајден на улица од случаен минувач. Полицијата сега ги прегледувала сите околни камери и разговарала со сведоци на настанот. Обдукцијата на телото треба да потврди дали тој сам паднал или бил турнат.

Според информациите од Италија, несреќниот кошаркар бил на гости кај пријател, кој таму игра за тимот на Баскет Сестри.

Во моментот на смртта Чибас имаше 27 години и настапуваше за данскиот Бјерингбро БК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шпанската полиција го гони Јанакопулос – се јави и Валенсија (Видео)

Шпанската полиција официјално поднесе пријава против сопственикот на Панатинаикос Димитрис…