Oле Гунар Солскјер после поразот од Пари Сен Жермен се соочува со првите проблеми откако е тренер на Манчестер Јунајтед.
На денешната конференција Норвежанецот потврди дека Ентони Марсијал и Џеси Лингард ќе ги пропушат натпреварите против Челзи во ФА Купот и Ливерпул во Премиер лигата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лингард и Марсијал повредите ги заработи против ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите каде што Солскјер беше приморан да прави измени.
Поради овие повреди двајцата фудбалери нема да бидат во комбинација за настап во натпреварот против Челзи во понеделник и против Ливерпул на 24 фервруари.
„Мислам дека нема на теренот да ги видиме во наредните две до три недели. Се надевам дека ќе се опорават што побрзо, но се наведува на тоа дека ќе мораат да бидат отсутни. Не можеме да сметаме ниту на Валенсија, ниту на Дармина, но освен тоа се наоѓаме во добра ситуација“, изјави Солскјер.
Големо е прашањето дали Марсијал и Лингард ќе бидат спремни за реваншот против ПСЖ во осминафиналето кој ќе се игра на 6-ти март на „Олд Трафорд“.
Јасно е дека без нив во тимот шансите на Јунајтед за пресврт драстично би се намалиле.