Дома Фудбал Капитенот на Реал: Што и да се случи ништо нема да ја промени мојата одлука

Капитенот на Реал: Што и да се случи ништо нема да ја промени мојата одлука

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота од 21 часот ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на Вембли.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За капитенот Начо Фернандез (34) тоа би можело да биде последен натпревар за мадридскиот тим, чиј член е цела кариера и за кој одигра 363 натпревари, постигна 16 и асистираше десет гола.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а се уште не е познато дали ќе го продолжи. Во интервју за шпанската радио станица Онда Серо, тој рече: „Одлучив што ќе правам кога ќе заврши сезоната. Но, нема да кажам сега, не е вистинското време. Да ја освојам Лигата на шампионите или Европското првенство? Ништо што ќе се случи нема да ја промени мојата одлука“, рече Начо.

Начо е икона и од оваа сезона е капитен на Реал, со кој освои 25 трофеи, од кои пет во Лигата на шампионите, што значи дека славјето над Борусија би му донело шеста европска титула. Иако целата своја кариера ја мина во Реал, односно во првиот тим од 2012 година, Начо ретко беше во преден план и најмногу беше резерва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…