Дома Фудбал Англија На Островот откриваат: Солскјер им држел лекции на играчите после ПСЖ – Погба се извинувал

На Островот откриваат: Солскјер им држел лекции на играчите после ПСЖ – Погба се извинувал

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер имаше одлична низа на почетокот на тренерската кариера во Манчестер до натпреварот против Пари Сен Жермен.

Солскјер не знаеше за пораз на клупата на Јунајтед се до натпреварот против Французите во Лигата на шампионите во кој „ѓаволите“ беа порезени на свој терен со 0:2.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Солскјер на клупата изгледа секогаш смирено, па поради тоа она што го пренесуваат медиумите на Островот звучи изненадувачки.

Манчестер Јунајтед против Пари Сен Жермен одигра добро прво полувреме, но во второто посебно после првиот гол на „светците“ падна во играта, а во продолжение Мбапе ги постави конечните 0:2.

Британски „Сан“ пишува дека 45 годишниот стратег бил лут поради лесно примениот прв погодок, после кој работите тргнааа во надолна линија.

„Солскјер после натпреварот против ПСЖ имал долг разговор во соблекувалната со фудбалер. Оле има кажал на играчите дека играле како да има само еден натпревар. Норвежанецот сакал да останат смирени и дан примаат голови од лесни позиции, како овој од прекин“, пишува „Сан“.

Освен ова „Сан“ открива и дека Пол Погба кој е еден од најдобрите играчи во тимот почуствувал потреба да се извини и го направил тоа пред сите во соблекувалната. Погба сметал дека им должи извинување на соиграчите поради лошо одиграниот натпревар.

Сега кога ќе се спореди оваа ситуација со онаа додека Мурињо беше во клубот интересно е што Погба тогаш играше многу полошо што јасно го покажуваат и бројките, но никогаш не почуствувал потреба да се извинува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …