Манчестер Сити буквално го декласираше Челзи со 6:0, а херој за „граѓаните“ беше Агуеро кој постигна хет-трик. Најпрво Стерлинг го отвори резултатот уште во 4-та минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот, а потоа следуваше шоу на Агуеро. Аргентинецот најпрво во 15-та минута постигна вистински еврогол за 2:0, а три минути подоцна уште еднаш го совлада Кепа за високи 3:0. …