Дома Фудбал Англија Навивачите на Евертон посакуваат пораз на нивниот тим против Манчестер Сити

Навивачите на Евертон посакуваат пораз на нивниот тим против Манчестер Сити

Вечерва од 20:45 часот во рамките од Премиер лигата ќе се сретнат Евертон и Манчестер Сити.

Откако го победија Арсенал, екипата на Манчестер Сити со евентуална победа поради киксот на Ливерпул против Вест Хем ќе избие на првата позиција на табелата, но со натпревар повеќе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога во прашање е Евертон, тие играат уште една сезона за заборав во кој купија многу засилувања и вложија многу пари, но и понатаму се на средина од табелата.

Поради ваквата ситуација голем број навивачи на Евертон можеби и повеќе ќе сакаат нивниот тим да изгуби вечерва бидејќи победа против Сити не би им донела многу, а би му помогнале на Ливерпул да побегне на шест бода.

Секако, тоа е само мислење на навивачите, а ќе видиме како нивните миленици ќе се однесуваат вечерва на теренот.

„Граѓаните“ секако се фаворити во овој натпревар, посебно бидејќи се борат за титулата, додека играчите на Евертон немаат некој посебен мотив за оваа средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…