Манчестер Сити буквално го декласираше Челзи со 6:0, а херој за „граѓаните“ беше Агуеро кој постигна хет-трик.
Најпрво Стерлинг го отвори резултатот уште во 4-та минута, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот, а потоа следуваше шоу на Агуеро.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот најпрво во 15-та минута постигна вистински еврогол за 2:0, а три минути подоцна уште еднаш го совлада Кепа за високи 3:0. И додека „сините“ се уште беа во шок, Гундоган победи за 4:0 во 25-та минута, резултат со кој се замина на полувреме.
via @VideoGoalsHD pic.twitter.com/bPk8YdCpU3
— via @VideoGoalsHD (@viaVide16867019) February 10, 2019
via @VideoGoalsHD pic.twitter.com/nCkG9uBuZb
— via @VideoGoalsHD (@viaVide16867019) February 10, 2019
Во вториот дел „граѓаните“ не престанаа и продолжија да ја „билдаат“ гол разликата. Агуеро од пенал го комплетира хет-трикот и стана најдобриот стрелец во историјата на Сити во Премиер лигата.
Точка на натпреварот стави Стерлинг во 80-та минута за конечни 6:0.