Maнчестер Јунајтед со победата над Евертон од 2:0 се врати на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ се лидери со 62 освоени бодови, но имаат и натпревар повеќе. Расправите околу тоа кој е поголем фаворит можат навистина долго да траат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во еден момент изгледаше дкеа Сити ја изгуби трката, но Ливерпул направи неколку кикса и избраниците на Пеп ги искористија и сега трката повторно е супер интересна. Ниту Тотенхем не е исклучен бидејќи има пет бода заостанување.
Ливерпул има натпревар помалку во однос на Сити, но после две нерешени средби во Ливерпул се под притисок. Тоа го прокоментира поранешниот фудбалер Дани Хилигиботам во неговата анализа за „Скај“.
Акцетот го стави во длабоичната на составот.
„Ако го погледнеме натпреварот помеѓу Сити и Евертон…Вториот погодок посебно. Во него учествуваа два играчи кои влегоа од клупата за резерви“, изјави Хилгинботам кој во кариерата играше за Јунајтед, Саутемптон, Сандерленд и Стоук.
Според него кај Сити има само една позиција која е дискутабилна околу замената на првотимците.
„Кога ќе го погледнеш составот на Манчестер Сити, единственото место на кое можеби недостасува адекванта замена од клупата тоа е она на Фернандињо. За мене тоа е голема предност во корист на „граѓаните“.