Дома Фудбал Англија Гвардиола објасни зошто Реал Мадрид за него не е во топ три тимови на деценијата

Гвардиола објасни зошто Реал Мадрид за него не е во топ три тимови на деценијата

guardiola

Неодамна стратегот на Манчестер Сити Пеп Гваардиола ги наброја трите најдобри тимови во Европа во последната деценија и помеѓу нив го немаше Реал Мадрид.

За Гвардиола најдобрите тимови во последната деценија се Барселона, Баерн Минхен и Јувентус. Тоа негово мислење крена голема прашина, најмногу поради трите освоени титули во низа на Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на прес-конференцијата пред дербито против Челзи во Премиер лигата Пеп даде објаснување за своето мислење.

„Ако ја зимаме во предвид само Европа, тогаш да тие се се најдобриот тим. Меѓутоа кога ќе кажеме најдобри тимови во деценијата, тогаш тука ги сметаме и другите натпреварувања (куповите, домашните првенства). Јувентус, Барселона и Баерн своите првенства ги освоијува по шест-седум пати, а Реал само два пати. Верувам дека Солари подобро ќе ме сфати и дека навивачите на Реал ќе бидат задоволни после моето објаснување“, порача Гвардиола.

Дербито помеѓу Манчестер Сити и Челзи се игра во недела од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…