Барселона за првпат во историјата на Лигата на шампионите свој натпревар заврши без шут во рамките од голот. Каталонците го пречекаа Баерн и беа поразени со 0:3, победата на германскиот тим беше апсолутно заслужена затоа што доминираа на теренот. Во еден момент од натпреварите камерите го снимија Алба на клупата и тој момент можеби најдобро ја опишува немоќта на Барселона.